Дома Фудбал Останато Вечерва ќе гори Рио: Кавани и Марсело во битка за најпосакуваниот трофеј во Јужна Америка!

Вечерва ќе гори Рио: Кавани и Марсело во битка за најпосакуваниот трофеј во Јужна Америка!

Вечерва на славната „Маракана“ во Рио битка за најпосакуваниот јужноамерикански клупски трофеј битка ќе водат Бока Јуниорс и Флуминенсе.

Интересно е што на двете страни има по еден ветеран со голема кариера во Европа. Дресот на Флуминесе го носи Бразилецот Марсело кој со Реал испишуваше историја во европскиот фудбал, додека на другата страна е Уругваецот Едисон Кавани.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марсело има 26 клупски трофеи, 25 ги освои со Реал Мадрид, а во нив има и пет во Лигата на шампионите. Кавани од друга страна е на 22 клупски трофеи.

Дресот на Бока исто така го носат екс-фудбалери на Јунајтед како Серхио Ромеро и Маркус Рохо, тука е Дарио Бенедето, поранешен фудбалер на Марсеј, Факундо Ронкаља кој во Европа настапуваше за Фиорентина, Селта, Осасуна…

Флуминесе го има и Гансо кој некогаш со Нејмар беа главни ѕвезди на Сантос и Сао Паоло, тука е темпераментиот Фелипе Мело, а ги води привремениот бразилски селектор Фернандо Диниз.

МОЖНИ СОСТАВИ:

БОКА ЈУНИОРС: Ромеро – Адвинсула, Фигал, Валентини, Фабра – Медина, Пол Фернандез, Еки Фернандез, Барко – Мерентиел, Кавани

ФЛУМИНЕНСЕ: Фабио – Ксавиер, Нино., Фелипе Мело, Марсело – Мартинели, Андре-Ариас, Гансо, Кено – Герман Кано

ОСВОЈУВАЧИТЕ НА КОПА ЛИБЕРАТАДОРЕС

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се огласи Клоп: Се радувам за клубот ако Слот е решението

Од моментот кога Јирген Клоп со видео порака го шокираше фудбалскиот свет, а осо…