Сергеј Милинковиќ-Савиќ оваа сезона повторно блеска и е еден од најзаслужните за добрите игри на Лацио, па повторно почна да се шпекулира за негов трансфер.
„Тутоспорт“ објави дека неколку тимови се борат за потписот на Србинот, а наводно главната битка ќе ја водат ПСЖ и Реал Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Спортскиот директор на „светците“ веќе стапил во контакт со агентот на Сергеј, Кежман и започнал преговори за трансфер на Србинот во Париз.
ПСЖ се обиде да го доведе Савиќ и пред две години, тогаш Лацио за него бараше 100 милиони евра, меѓутоа сега во ПСЖ се спремни да понудат најмногу 70 милиони евра за неговиот потпис.
Ситуацијата на трансфер пазарот се промени, цените на фудбалерите паднаа, а самиот СМС инсистира да го напушти Лацио, што може да го забрза неговиот трансфер во Париз.