Дома Фудбал Останато Само Јокиќ и Ѓоковиќ се пред него: Савиќ стана трет најплатен српски спортист

Само Јокиќ и Ѓоковиќ се пред него: Савиќ стана трет најплатен српски спортист

Сергеј Милинковиќ-Савиќ е пред трансфер во Саудиска Арабија, а со овој трансфер Савиќ стана третиот најплатен српски спортист во овој момент.

Со потписот со Ал-Хилал, Савиќ си обезбеди заработка од околу 30 милиони евра по сезона. Сега, само Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ се пред него по заработката, кога во прашање се српските спортисти.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


На листата Савиќ го прескокна Душан Влаховиќ кој во Јувентус заработува 12.9 милион иевра по сезона. По, Влаховиќ на листата следи Филип Костиќ со заработка од „само“ 3.2 милиони. Сличен износ добива и Александар Митровиќ кој ако се остварат најавите и премине исто така во Ал Хилал сигурно ќе добива неколку пати повеќе.

Најавите се дека и Митровиќ би добил близу 30 милиони евра по сезона. Засега Фулам и саудискиот клуб се во преговори околу оштетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Судиски аналитичар за голот на Милан: Ова е срамота!

Голем револт во Србија предизвика судењето на Хесус Гил Манзано, Шпанецот кој го водеше на…