Eкипата на Челзи би можела во наредниот период да се засили со Карим Адејеми од Борусија Дортмунд.
Оваа вест ја пренесе реномираниот „Билд“ кој тврди дека Челзи започнал преговори и нуди 30 милиони евра за брзоногиот крилен напаѓач.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред две години Адејеми пристигна од РБ Салцбург за 30 милиони евра, колку што сега нуди Челзи, но во игра наводно е и Јувентус.
Сепак, во моментов Челзи е поконкретен бидејќи на Адејеми му нуди долгорочен договор и поважна улога во тимот.
Адејеми постигна 14 гола и запиша осум асистенции во дресот на Дортмунд, но не може да се каже дека целосно ги исполни очекувањата.
Ќе биде интересно ако дојде Адејеми, кој ќе биде продаден, особено затоа што најчесто игра на позицијата лево крило, каде што е Михајло Мудрик, кој често е мета на критичарите…