Дома Фудбал Италија По 21 година се вратија во Серија А и на лето може да го доведат Џејми Варди

По 21 година се вратија во Серија А и на лето може да го доведат Џејми Варди

По чекање од цели 21 година екипата на Комо успеа да се врати во Серија А, пласманот беше потврден во вчерашниот натпревар против Козенца (1:1).

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Поради поразот на директниот конкурент Венеција против Специја (1:2) ремито на Комо се покажа како доволно, па така по натпреварот градот и сите во клубот беа во голема еуфорија.

Интересно е што на трибините во вчерашниот натпревар на Комо беше напаѓачот на Лестер Џејми Варди кој не крие дека би можел да го засили овој тим.

„Малку сум стар, но ништо не се знае. Ќе видиме“, одговори Варди на прашањето.

Договорот на Варди со Лестер завршува токму ова лето. Ќе потсетиме, Комо од клупата го предводи шпанскиот ветеран Сеск Фабрегас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подоб…