Дома Фудбал Италија Потврдено: Серија А сигурно ќе добие шампион

Потврдено: Серија А сигурно ќе добие шампион

Претседателот на Фудбалската Федерациај на Италија, Габриеле Гравина потврди дека Италија оваа сезона ќе добие шампион.

Италијанската Фудбалска федерација на сите начини се обидува да ја заврши сезоната која е прекината поради корона вирусот, па сигурно е дека Италија ќе добие шампион или на терен или надвор од него.

„Имаме план кој ни е приоритет. Сите ќе бидеме среќни ако сезоната заврши на терен. Во контакт сме и со ФИФА. Првата цел е да заврши сезоната до 30. јуни, ако тоа не успее ќе се обидеме да заврши до 30. јули. Мораме да се вклопиме со правилата кои доаѓаат од политичкиот врв. Ако не можеме да играме ќе донесеме одлука според она што се случуваше до суспензијата“, изјави Гравина.

Според моменталниот пласман во Серија А доколку сезоната не продолжи Јувентус повторно ќе биде шампион, а Лацио, Интер и Аталанта ќе се пласираат во Лигата на шампиони.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Во Бундеслигата има нов рекорд: Имаме нов најбрз играч!

Во Бундеслигата од сезоната 2011/2012 се мери брзината која фудбалерите ја достигнуваат за…