Дома Останати Ракомет Митревски ја има третата најдобра асистенција во Лигата на шампионите (Видео)

Митревски ја има третата најдобра асистенција во Лигата на шампионите (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се најде меѓу најдобрите асистенти во ракометната Лига на шампионите за сезоната 2024/25. Неговото додавање за Дејан Манасков во натпреварот против Барселона е рангирано на третото место во изборот за најатрактивни асистенции на сезоната.

Токму од таа акција Манасков го постигна погодокот кој претходно беше избран за најубав гол во сезоната, што дополнително ја истакна вредноста на потегот на македонскиот чувар на мрежата.

Првото место на листата му припадна на Емерик Мине од француски Нант, додека втор е Ремили. Во друштвото на десетте најдобри асистенции се најдоа и Лазар Кукиќ, Домен Макуц, Лук Стеинс, Симон Јепсон, Дика Мем, Жулиен Бос и Тобијас Грондал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Македонија ја прегази Србија на стартот на турнирот во Охрид!

Македонската женска ракометна репрезентација со победа го отвори „Трофеј Македонија“, отка…