Дома Останати Тенис Познато кога Ѓорческа ќе игра против Анисмова на Вимблдон

Познато кога Ѓорческа ќе игра против Анисмова на Вимблдон

По вчерашната ждрепка за Вимблдон, организаторите го објавија и распоредот за натпреварите од првото коло во машка и женска конкуренција.

Македонскиот тенис оваа година испишува историја, откако за првпат ќе има претставничка во главната ждрепка на женскиот турнир. Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа обезбеди место меѓу елитата со три победи во квалификациите, а во првото коло ја очекува исклучително тежок предизвик против шестата носителка и минатогодишна финалистка, Американката Аманда Анисимова.

Дуелот меѓу Ѓорческа и Анисимова е закажан за 30 јуни, вториот ден од натпреварите на првото коло. Бидејќи станува збор за меч во кој настапува ланската финалистка, постојат реални шанси натпреварот да биде одигран на еден од главните терени на Вимблдон. Точниот термин и теренот ќе бидат познати во понеделник, кога организаторите ќе ја објават деталната програма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ежени Бушар одби да се ракува со Украинка по поразот на турнирот во Чикаго

Канадската тенисерка Ежени Бушар одби да се ракува со својата украинска противничка по пор…