
Поранешниот напаѓач на Барселона и еден од најдобрите голгетери во последните две децении, Луис Суарез, ги истакна своите причини зошто смета дека Хари Кејн има предност пред Ерлинг Халанд.
Главниот аргумент кој го наведува е супериорната тактичка интелигенција и умешноста за поврзување на играта на капитенот на Англија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во интервју за шпанскиот Mundo Deportivo, Суарез даде своја експертска анализа на врвните стрелци на денешницата.
Познатиот Уругваец ја спореди убиственоста на Халанд пред голот со играчката разновидност на Кејн. На крајот се определи за потполниот пристап на англискиот фудбалер, истакнувајќи ја неговата способност преку врвно разбирање на просторот и движењето да го подигне нивото на играта на целиот тим.
Запрашан за своите омилени современи голгетери Суарез ги објасни основните разлики меѓу најразорните светски напаѓачи.
“Имам двајца или тројца фаворити. Халанд е убиствена ‘деветка’ во шеснаесетникот, иако тимот мора да игра за него. Јас го преферирам Хари Кејн. Тој многу подобро се поврзува со останатите од екипата. Се движи размислувајќи што ќе направат неговите соиграчи, играта ја доживува на поинаков начин. Сакам такви детали”, изјави Суарез.