
Досега на Светското првенство, Франција остави најсилен впечаток. Екипата на Дидие Дешамп заврши како прва во групата И, освојувајќи девет бодови, со гол-разлика од 10:2. Во последниот натпревар, уверливо ја совладаа Норвешка со 4:1. Тие го отворија турнирот со победа од 3:1 против Сенегал, а потоа го надиграа Ирак со 3:0. Норвежаните, кои исто така дојдоа до нокаут-фазата, беа поразени со 4:1, а Усмен Дембеле постигна три гола.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Овој успешен настап особено го импресионираше Златан Ибрахимовиќ кој е студиски аналитичар за американската телевизија Фокс Спортс на ова Светско првенство. Тој ги истакна Французите како главни фаворити за освојување на светската круна.
“Франција е во друга димензија, нешто сосема различно. Кога играат, кога се целосно фокусирани, не гледам кој би можел да им парира. Единствена шанса на противниците е Французите да се опуштат и изгубат концентрација. Тие се главните фаворити”, изјави Ибрахимовиќ во студиото на Фокс.
Според Ибрахимовиќ, најголемата сила на Франција не е само во квалитетот на нивните најголеми ѕвезди, туку и во длабочината на составот и начинот на кој играчите соработуваат. “Се разбира, во нокаут-фазата сè може да се случи и не треба да бидат премногу самоуверени. Но, ако ги погледнеме овие три натпревари, никој нема таква длабочина како тие. Комплетен тим се и мислам дека сè зависи од нив. Ако сакаат да победат и продолжат да играат вака, ќе станат шампиони”, рече тој.