Реал Мадрид и Милан постигнаа договор за трансфер на Брахим Дијаз на „Сан Сиро“, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Газета дело спорт“ пред неколку моменти објави дека Милан и Реал Мадрид постигнале договор и дека Брахим Дијаз ќе потпише договор со „росонерите“ до крајот на оваа недела.
Офанзивниот играч не добива голема минутажа кај Зидан, па „кралевите“ се согласија да го пуштат во Милан.
Шпанецот ќе пристигне во Милано на едногодишна позајмица, а „росонерите“ ќе имаат опција да го откупат за 20 милиони евра.
Меѓутоа, Реал во договорот ќе стави бај-бек клаузула и ќе може да го врати во Мадрид за одредена сума во следните две години.