Дома Фудбал Италија Постигнат договор, Жиру останува во Милан

Постигнат договор, Жиру останува во Милан

Оливие Жиру е блиску до потпишување на нов договор со италијанскиот шампион Милан, пренесуваат италијанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


36-годишниот Жиру се уште игра на врвно ниво.Французинот е еден од најважните фудбалери на Милан и еден од најзаслужните за освоената титула минатата сезона.

Неговиот договор со „росонерите“ истекува на крајот на сезоната, па двете страни почнаа преговори за продолжување на соработката.

Агентите на Французинот денес пристигнаа во Милано на средба со Малдини за да ги договорат последните детали од договорот.

Жиру ќе стави потпис на договор до јуни 2024 година и ќе заработува 3,8 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Драмата во Србија: Погледнете како Звезда на пенали го освои купот на Србија (Видео)

Фудбалерите на Црвена звезда по триесетти пат во историјата на клубот го освоија националн…