Дома Фудбал Репрезентации Најдобриот стрелец во историјата на Франција се повлекува од репрезентацијата

Најдобриот стрелец во историјата на Франција се повлекува од репрезентацијата

Францускиот голгетер Оливие Жиру објави дека заминува во репрезентативна пензија по Европското првенство во Германија.

Искусниот напаѓач неодамна потврди дека го напушта Милан и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата во тимот на Лос Анџелес ФК. Со завршувањето на клупската кариера во европскиот фудбал, Жиру одлучи и дека е време да се повлече од репрезентацијата и да остави место на други фудбалери.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Во кариерата досега Жиру одигра вкупно 716 натпревари во кои постигна 285 гола и асистираше за 97. Исто така тој е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Франција со 57 гола на 131 натпревар.

Но, треба да се спомене дека наскоро веројатно ќе биде престигнат од Килијан Мбапе кој има 11 голови помалку. Жиру со Франција беше и светски шампион во Русија во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…