Оливие Жиру на крајот на сезоната ќе го напушти Милан и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата, потврдија италијанските медиуми.
37-годишниот напаѓач се уште игра на врвно ниво и оваа сезона веќе има постигнато 20 гола во сите натпреварувања, но е спремен за нова авантура.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Екип“ потврди дека Жиру веќе постигнал договор со Лос Анџелес ФК и на лето како слободен агент ќе се пресели во Америка, каде ќе игра во следните две години.
Неговиот договор со Милан истекува на лето, а „росонерите“ исто така се спремни да се разделат и да доведат помлад напаѓач.