Дома Фудбал Готово е: Душан Влаховиќ има нов клуб

Готово е: Душан Влаховиќ има нов клуб

Сагата конечно заврши. Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ го одбра новиот клуб, а тоа е турскиот гигант Бешикташ.

Бешикташ ова лето одлучи значително да го зајакне тимот. Стигнаа навистина големи имиња, но изгубена е најголемата ѕвезда – Мохамед Салах, кој најпосле заврши во Трабзонспор.

Меѓутоа, врелото лето во Истанбул од денес ќе стане уште потопло. Во градот пристигнува уште една фудбалска ѕвезда – Душан Влаховиќ.

Српскиот напаѓач ги одбра црно-белите како свој нов клуб. По долги и напорни преговори, конечно ја прифати понудата која пристигна од Бешикташ.

Наскоро, 26-годишникот би требало официјално да биде претставен како нов голем играч, а за потписот ќе добие суми кои никаде освен во Саудиска Арабија, не би можел да ги добие.

Влаховиќ прифати тригодишен договор вреден осум милиони евра нето, но тоа не е сè што ќе заработи. Има и бројни бонуси кои неговата плата можат да ја зголемат над 10 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најслабиот тим во ПМФЛ остана без тренер

Муарем Муарем повеќе не ја извршува функцијата тренер на Скопје. Клубот и стратегот ја пре…