Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО „После измените на селекторот и промена на системот на игра беше онаа Македонија која сакаме да ја гледаме“

„После измените на селекторот и промена на системот на игра беше онаа Македонија која сакаме да ја гледаме“

Александар Васоски е дел од нашиот експертски тим за Македонија на Европското првенство, па еве го неговото мислење и гледање на дуелот со Украина.

Васоски иако е разочаран од резултатот, сепак истакна дека Македонија е убава фудбалска приказна која дава свој сјај на ова ЕП.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Видовме две различни полувремиња, можеби прво најлошо полувреме во последните години. Каде што не стоевме добро во дефанзивниот блок, не бевме компактни и Украинците премногу лесно ја изнесуваа топката и доаѓаа до нашиот гол. Во второто полувреме одигравме храбро, постигнавме гол и недостасуваше малку да дадеме уште еден“.

„Разочарувачки одигравме во првото полувреме. Примивме два лесни гола, првииот од прекин, а вториот после неуспешна офсајд замка, и после тоа е тешко да се вратиш. После измените на селекторот и промена на системот на игра беше онаа Македонија која сакаме да ја гледаме на ЕП, разиграна со комбинаторика, со шанси. Се што недостасуваше е да го израмниме резултатот. Сепак, без разлика на поразот Македонија е убава фудбалска приказна која дава свој сјај на ова ЕП“, истакна Васоски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Лео Меси нема да игра за Аргентина на претстојните два натпревари

Мартовскиот репрезентативен термин ќе го користи и селекцијата на Аргентина, но „Гаучосите…