Дома Македонски спорт Мак фудбал Хаџиевски и Васоски најавија подобри денови: Вардар е институција, мора да живее!

Хаџиевски и Васоски најавија подобри денови: Вардар е институција, мора да живее!

Tимот на Вардар денес одржа прес-конференција на која беа соопштени идните планови на екипата по промените.

На клупата на Вардар по заминувањето на Бобан Грнчаров се врати Александар Васоски, додека за спортски директор беше назначен Ѓоко Хаџиевски. Во ваква структура Вардар по стартните три порази, вчера го освои првиот бод против Силекс (2:2).


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Моја одговорност е да помогнам кога е најтешко. За жал не беше издржливо да се работи после таа освоена титула пред неколку години, и сега се враќам и се надевам дека Вардар ќе заплива во помирни води. За жал не го добивме натпреварот со Силекс, но освоен е бод после три порази. Ќе гледаме да се издигнеме, нема време за ништо, ако успееме да донесеме уште некој фудбалер добро, јас сум среќен што работам со овие момци“, изјави Васоски.

Хаџиевски порача дека сите ќе се вложат за максимално да помогнат.

„Вардар е институција во Македонија, Вардар е најголемиот бренд. Со Вардар освоив многу титули, се нафатив да помогнам, да речам така волонтерски, но сите ќе се вложиме да помогнеме и да го издигнеме“, изјави Хаџиевски.

За нов портпарол на клубот беше назначен Мијалче Дурготов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Реал го смени планот за Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид ги прекинал преговорите со дефанзивецот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, кој и…