Барселона нема баш најдобар старт на сезоната, шпанскиот шампион се уште нема обезбедено пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Поради тоа во медиумите се пишува дека позицијата на Еренсто Валверде е сериозно загрозена. Како можен негов наследник се споменува името на Марсело Галјардо.
Поранешниот аргентински репрезентативец, Клаудио Борхи дури и тврди дека работата е завршена и дека Галјардо во декември ќе биде промовиран за нов тренер на Барселона.
„Нов тренр на Барселона ќе биде Галјардо. Информацијата е проврена. Тој е еден од најдобрите тактичари во светот. Можеби во Ривери ќе ги демантираат овие информации, меѓутоа мојот извор е сигурен“, изјави Борхи во гостувањето на аргентинска телевизија.
Галјардо пет години го води Ривер и со овој клуб освои двете титули во Копа Либертадорес, а оваа година ќе ја брани титулата во финалето со Фламенго на 23-ти ноември.