Дома Фудбал Италија Понудата е пред Пандев: Ако сакаш да играш на ЕП остани со нас!

Понудата е пред Пандев: Ако сакаш да играш на ЕП остани со нас!

Капитенот на репрезентацијата на Македонија Горан Пандев има понуда да остане во Италија во редовите на неговиот сегашен клуб Џенова.

Повеќе пати претходно Пандев изјавуваше дека сака да ја заврши кариерата со настап со Македонија на едно големо натпреварување. Европското првенство кое требаше да се одигра ова лето, а се премести за другото поради коронавирусот ќе биде можност за тоа. Меѓутоа постои и можност македонската фудбалска икона да стави крај на кариерата по завршувањето на актуелната сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Претседателот на Џенова за италијанските медиуми потврди дека му понудил на Пандев да остане и во наредната сезона.

„Кога се сретнавме последен пат му кажав: Сакаш ли да играш на Европско Првенство? Тогаш остани тука колку сакаш. Пандев е еден од најсериозните и најпрофесионалните играчи кои што сум ги сретнал. Навистина се приврзав за него, остави неизбрилшив траг врз нас“, изјави претседателот на Џенова, Енрико Прециози.

Пандев во сезоната 2019/2020 одигра 22 натпревари и постигна седум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Одлична вест: Македонија утре и дефинитивно со Димитријевиќ!

Машката сениорска репрезентација денеска одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда ка…