Дома Фудбал Познат фаворитот за наследник на Солскјер?

Познат фаворитот за наследник на Солскјер?

0

Пред неколку дена „Гардијан“ објави дека за Томас Тухел интерес покажале Манчестер Јунајтед и Барселона и дека овие два клуба ќе се борат да го доведат Германецот.

„Дејли Мејл“ денес пишува дека Јунајтед постигнал усмен договор со Тухел да дојде во клубот ако Оле Гунар Солскјер не пронајде начин да ја поправи играта и резултатите на Јунајтед.

Манчестер Јунајтед на Солскјер пред шест месеци му даде тригодишен договор откако на импресивен начин ја подигна формата на тимот додека беше привремен тренер и замена за Мурињо кој беше отпушен.

Сепај Јунајтед не продолжи во такво темпо и сега се наоѓа во проблеми. Не играат во Лигата на шампионите, а според она што го прикажуваат ќе им биде тешко да изборат настап во најелитното европско натпреварување и следната сезона.

Јунајтед победи само на две од досегашните пет лигашки натпревари и се наоѓаат на петтата позиција. Не беа убедливи ни против Астана во ЛЕ која ја ја победија само со 1:0.

Наводно Солскјер има време до јануари, ако до тогаш нешто не се промени ќе се бара негов наследник, засега Тухел е фаворит, барем според она што се пишува на Островот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо после големиот јубилеј: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене (фото)

Фудбалерите на Португалија синоќа беа поразени во гости против Украина со 2:1, а натпревар…