Дома Фудбал Англија Погба откри: Не смеам да кажам ниту збор!

Погба откри: Не смеам да кажам ниту збор!

Пол Погба веќе една недела е во конфликт со тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Мурињо му се налути на Французинот, бидејќи смета дека го навредил тимот и соиграчите со објавата на Инстаграм по поразот од Дерби во Карабао купот.

Пради тоа му е забрането да дава изјави, што накратко им објасни на новинарите по натпреварот во Лигата на Шампионите против Валенсија (0:0).

„Не ми е дозволено да давам изјави“, кратко рече Погба и потоа продолжи понатаму.

По конфликтот со Мурињо повторно започнаа шпекулации за можното заминување од клубот, а повторно се поврзува со Барселона, Јувентус и ПСЖ.

Што на крајот ќе се случи со Манчестер Јунајтед и Погба ќе видиме најверојатно во следните месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

По 735 натпревари во кариерата се пензионираше еден од милениците на Фергусон

Истакнатиот дефанзивец на крило, Ешли Јанг, реши да го заврши своето професионално играње …