Дома Фудбал Италија Пирло: Ни недостасуваат натпревари, среќен сум што имам играч како Роналдо

Пирло: Ни недостасуваат натпревари, среќен сум што имам играч како Роналдо

Во дербито на 2. коло во италијанското фудбалско првенство Рома и Јувентус на „Олимпико“ одиграа 2:2.

Домаќинот водеше 1:0 и 2:1, но Јувентус два пати изедначуваше. Вториот гол гостите од Торино го постигнаа и со играч помалку.

Пирло смета дека проблем за Јувентус е што немал прилика во пријателски натпревари да го испроба замисленото, па тоа сега мора да го прави во првенствените натпревари.

„За жал има ситуации кои не можеме да ги пробуваме само на тренинзите. Ни недостасуваат натпревари. На Артур му треба време да се прилагоди на Серија А и нашиот стил на фудбал, а да не спомнуваме и дека не е во форма затоа што долго време не играше. Од друга страна Бентакур минатата сезона играше премногу и преку посебена програма го враќање во форма“.

Го пофали Пирло и Роналдо кој постигна два гола.

„Среќен сум што имам таков играч во тимот. Не само што Роналдо постигнува голови, кога останавме со играч помалку трчаше многу повеќе, покриваше и помагаше да се затворат „дупките“ на теренот“, изјави Пирло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гатузо: Нов договор? Сакам да се чувствувам слободен

Тренерот на Наполи Џенаро Гатуз, до крајот на годината, ќе го продолжи договорот со клубот…