
Ал-Наср моментално се соочува со голема финансиска криза која сериозно би можела да влијае на активностите на клубот во тековниот трансфер период.
Клубот досега не реализирал ниту еден трансфер, а токму финансиските проблеми се еден од главните причини за таквата ситуација.
Според наведувањата на саудискиот весник Аријадија, Ал-Наср имал договор за доведување на португалскиот играч од средниот ред Саму Коста од Мајорка, но трансферот сеуште не е реализиран.
Покрај тоа, клубот не го решил ниту прашањето за продолжување на договорот со Абдурахман Гариб.
Аријадија објави дека долговите на Ал-Наср сега надминуваат 800 милиони саудиски ријали, а проблемите, според тие наведувања, се последица на финансиските одлуки донесени во текот на минатата сезона.
Поради сериозноста на ситуацијата, Саудискиот јавен инвестициски фонд, кој е сопственик на Ал-Наср, наводно подготвил три пристапи за решавање на проблемот.
Целта е да се заштити финансиската стабилност на клубот, неговата база на навивачи и маркетинг вредноста, но и да се спречи дополнително зголемување на долговите.
Првиот пристап се однесува на ограничување на одредени финансиски овластувања на тековното извршно раководство на клубот.
Токму тоа, според наведувањата на саудискиот извор, е една од причините поради што Ал-Наср моментално не може да реализира нови трансфери.
Клубот ова лето нема да доведува нови играчи сè додека извршното раководство не успее да обезбеди дополнителна ликвидност од сопствените приходи.