
Мохамед Салах доби неверојатна понуда за продолжување на кариерата и многу тешко ќе ја одбие.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на турскиот новинар Тајфун Акаја, деталите на потенцијалниот нов договор на Мохамед Салах во вредност од повеќе од 40 милиони евра се познати. Договорот му е понуден од страна на Бешикташ.
На египетскиот фудбалер наводно му е понуден двегодишен договор, а вкупната вредност на соработката, вклучувајќи плата, бонуси и права на користење на имиџот, според тие информации надминува 40 милиони евра.
Салах според понудените услови треба да има загарантирана годишна плата од 15 милиони евра.
Покрај тоа, предвидени се и бонуси кои би можеле да изнесуваат околу четири милиони евра годишно, во зависност од постигнатите резултати и успесите.
Тоа значи дека неговиот годишен приход, кога се вклучат бонусите, би можел да изнесува меѓу 19 и 20 милиони евра. Договорот, според наведувањата на Акаја, би траел две години.