
По две сезони без трофеи, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, одлучи да направи значајна реконструкција на тимот. Голем број играчи кои придонесоа многу во претходните години заминаа (Дани Карвахал, Давид Алаба…), а клубот сега има нови лица.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тука е пред сѐ легендарниот тренер Жозе Мурињо. Веднаш Португалецот доби нова одбрана, и во клубот пристигнаа Ибрахима Конате, Денцел Дамфрис и Марк Кукурела.
Средниот ред е зајакнат со португалскиот мајстор Бернардо Силва, а во наредниот период во Мадрид ќе ‘експлодираат’ уште неколку вистински трансфер бомби.
Еден од најдобрите организатори на игра во светот, Родри, е пред вратите на клубот. Тој силно сака да стане ‘крал’ и изгледа дека Манчестер Сити нема друг избор освен да го испрати во Мадрид.
Но, тоа не е сѐ. ‘Ѕверот’ од Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде, вечерва го изјави своето ‘да’ на понудата од Мадрид. Кралскиот клуб е во преговори со РБ Лајпциг, а германскиот клуб за 19-годишникот бара дури 150 милиони евра.
Сепак, се верува дека трансферот би можел да се заврши на 120 милиони евра. Иако се договорил условите со играчот, ни Реал нема да претерува, тоа е сосема сигурно.
Мурињо во својот тим сака уште еден стопер. Одлуката веќе ‘паднала’ да биде Италијанецот Алесандро Бастони.
Веќе Португалецот разговарал со ѕвездата на Интер. Тој е спремен да дојде, нема многу да праша за парите и го остави на клубовите да се договорат околу трансферот. Тој би требало да изнесува околу 60 милиони евра.
Перез, дури ни по овие засилувања, веројатно нема да ја `затвори продавницата`. Реал ќе искористи секоја можност да доведе играч кој е по желба на Специјалниот, и веќе сега познатиот тренер има на располагање чудесен тим.