Дома Фудбал Падна договор: Костадинов потпиша до 2028 година!

Падна договор: Костадинов потпиша до 2028 година!

Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов и во следните две сезони ќе го носи дресот на Словачко, откако чешкиот прволигаш го откупи неговиот договор од Сигма Оломуц.

Костадинов во вториот дел од минатата сезона настапуваше за Словачко како позајмен фудбалер, а со своите игри успеа да ги убеди челниците на клубот да ја активираат опцијата за откуп.

Двете страни постигнаа договор за соработка до 2028 година, со што македонскиот интернационалец ќе продолжи да игра во чешкиот шампионат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок зад кулисите на Светското првенство 2030: Тајниот договор веќе одлучи каде ќе се игра финалето?!

Борбата за домаќинството на финалето на Светското првенство 2030 година сè повеќе добива п…