
Приоритет на саудискиот гигант е Луис Дијаз, на кого му подготвуваат годишна плата од 25 милиони евра, додека на Баерн за трансфер би можеле да понудат помеѓу 120 и 150 милиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ал Хилал има намера уште еднаш да го вознемири европскиот пазар и во текот на летниот преоден период да донесе неколку големи ѕвезди. Саудискиот клуб за нови засилувања подготвил неверојатен буџет од дури 350 милиони евра.
Парите би требало да се искористат за доведување на две или три големи ѕвезди од најсилните европски лиги. Веќе е познато името на фудбалерот кој се наоѓа на самата врв на листата на желби.
Станува збор за колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз. Крилиот напаѓач на Баерн е означен како приоритет и Ал Хилал е подготвен да направи речиси сè за да го убеди да ја напушти европската фудбалска сцена.