Фудбалерот на Барселона ќе мора да и плати на данончната управа на Шпанија сума од 2.1 милион евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во соопштението објавено денес се наведува дека судот ја потврдува претходната одлука и Пике ќе мора да ги подмири сите даночни обврски од 2009 и 2010 година поврзани за приходите од правата на неговите фотографии.
Пике се жалаше на првобитната одлука од 2016 година.
Неговата сопруга познатата поп пејачка Шакира исто така е под истрага поради наводно затајување на данок. Таа ги негираше обвинувањата.
Во последните години шпанскиот суд осуди бројни фудбалери поради проблеми со данокот, а помеѓу нив беа Лионел Меси и Кристиано Роналдо.