Дома Фудбал Италија Пензијата ќе почека: Јувентус му нуди нов договор на Киелини

Пензијата ќе почека: Јувентус му нуди нов договор на Киелини

Раководството на Јувентус му предложи нов договор на дефанзивецот Џорџо Киелини, пренесува „Калчомеркато“.

Договорот на Киелини со Јувентус истекува на крајот на сезоната, а „старата дама“ му нуди соработка на уште една година. Клубот со тоа сака да му даде поддршка на 35-годишниот капитен, кој оваа сезона ја пропушти поради повреда на коленото.

Киелини е жива легенда на Јувентус и игра за „бјанконерите“ од 2005 година, но оваа сезона поради повреда запиша само еден настап.

Киелини во неколку наврати призна дека размислува за пензија, но раководството смета дека може да игра уште една сезона на највисоко ниво и веќе започна преговори за продолжување на сезоната.

Се очекува Килеини да се врати на терените пред крајот на оваа сезона.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Човекот кој го откри Гризман: Во Барса не му подаваат, се гледа дека има проблем и не ужива

Човекот кој го откри Антоан Гризман и тоа како младо момче даде интервју за „Мундо Депорти…