Во дербито во купот во САД Лос Анџелес Галакси беше подобар од Лос Анџелес ФК со 0:2 и така се пласираше во четвртфиналето.
Натпреварот го одбележа поранешниот фудбалер на Барселона Рики Пуиг кој направи дар-мар вои одбраната на противникот и реализираше за 0:2. Тој гол Шпанецот го прослави во стилот на Меси, соблекувајќи го дресот и покажувајќи го кон навивачите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Интересна ситуација беше забележана по крајот на натпреварот кога додека Пуиг даваше интервју до него дојде Италијанецот, Џорџо Килеини и му довикна: Ти си кловн!
Giorgio Chiellini calls Riqui Puig “payaso” aka clown. After he took off his shirt and celebrated his goal like Messi in front of the 3252.
— Gio Garcia (@GioGarciaLA) May 24, 2023
pic.twitter.com/PJOILQD3vF#LAGalaxy #LAFC #ElTrafico pic.twitter.com/FzCwg8QiVu
Киелини ги брани боите на Лос Анџелес ФК и очигледно не му се допаднало однесувањето на неговиот противник.