Дома Фудбал Италија Пандев по голот: Имам 37 години ама правам се за да помогнам на тимот

Пандев по голот: Имам 37 години ама правам се за да помогнам на тимот

Вчера Џенова го победи СПАЛ со 2:0 и така направи еден чекор напред кон опстанокот во лигата.

Стрелец на првиот гол во овој натпревар беше македонскиот капитен и лидер на Џенова, Горан Пандев. Пандев беше најдобар на теренот и ако Џенова, а во овој период по рестартот на сезоната игра навистина добро и сигурно дека тој ќе биде еден од најзаслужните ако Џенова остане во најсилната конкуренција.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Убаво е кога победувате. Важно беше денес да освоиме три бода и успеавме во тоа. Сепак, пред нас има уште работа, не чекаат шест финалиња и се надевам на опстанок затоа што овие навивачите заслужуваат да бидат дел од Серија А.

Пандев сезонава постигна девет голови. Оваа бројка на погодоци во една сезона ја имаше пред 11 години.

„Не се подмладувам, наскоро ќе наполнам 37 години ама секогаш се трудам да го дадам најдоброто и да помогнам на тимот“, истакна Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Крај на трансферската сага со Антоан Гризман!

Францускиот фудбалер Антоан Гризман беше на работ да се приклучи на MLS лигата, но тоа нем…