Дома Македонски спорт Пандев потврди: Толку е, сакам да уживам со семејството и време за нешто друго

Пандев потврди: Толку е, сакам да уживам со семејството и време за нешто друго

Летово без некаква посебна најава легендата на македонскиот фудбал Горан Пандев се пензионираше.

Зад името на Пандев ќе останат над 500 натпревари во италијанската елита и над 100 гола и сигурно дека остави белег во италијанскиот фудбал како не многу странци. За Македонија настапи на 122 натпревари и постигна 38 гола.

Дека става крај на кариерата Пандев потврди во интервју за „Газета дело Спорт“.

„После 20 години…Мојот син веќе има 13 години и во целиот живот почесто го гледав само во паузата меѓу двете сезони. Сега е време во кое треба да уживам со семејството. За првпат цело лето не размислував за фудбал и кога ќе се случи тоа помалку размислувате за фудбал и малку тренирате.

Неколку месеци веќе не правев ништо и кога сте на 39 години се е потешко и помачно. Сакам повеќе да одморам и да бидам о семејството, премногу е 20 години да сте одвоени од него. Сепак, сакам да останам во фудбалот затоа што друго не знам да работам“, изјави Пандев.

Пандев најави и што сака да работи во иднина.

„Се гледам себе си како спортски директор или како менаџер. Сакам работа со деца во која ќе и им помагам, ќе разговарам со нив на почетоците на нивните кариера. Би сакал да се заблагодарам на сите – фала ви за се. На сите навивачи, тренери, претседатели…Сите оставија белег кој нема да го заборавам“, истакна македонската легенда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Челзи му го нуди Канте на Арсенал

Францускиот репрезентативец Нголо Канте во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Чел…