Горан Пандев во едно интервју за италијанските медиуми зборуваше за неговите желби пред завршувањето на кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација посакува опстанок со Џенова во Серија А и пласман со Македонија на Европското првенство кое ќе се игра во летото кое следи.
„Играв за големи клубови во Италија и Европа, но луѓето тука на „Луиџи Ферара“ секогаш ви даваат дополнителен мотив за да ги израдувате. Кариерата би сакал да ја завршам во Џенова. Моја желба е да избориме опстанок и секако со Македонија да се пласирам на Европското првенство. Натпреварот со Косово ќе биде еден од најважните натпревари во кариерата. Сепак, во во овој момент сум фокусиран на енова. Навивачите и овој клуб заслужуваат опстанок“, изјави Пандев.