Севиља денес и официјално потврди дека го откупила Сусо од Милан и играчот потпиша договор до 2025 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сусо во јануари пристигна во Севиља на позајмица од Милан, но во договорот постоеше клуаузула за задолжителен откуп доколку Севиља избори пласман во Лигата на шампиони.
Откако Севиља и официјално избори пласман во ЛШ денес го потврди трансферот, па Сусо потпиша договор до 2025 година.
За неговиот потпис клубот од Андалузија на Милан ќе му плати 24 милиони евра.
Ufficiale, il #Siviglia riscatta #Suso dal #Milan | #calciomercato https://t.co/GxTAHUgUDu
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) July 20, 2020