Дома Фудбал Лига на шампиони Официјално: Меси повикан за мечот против Дортмунд

Официјално: Меси повикан за мечот против Дортмунд

0

Лионел Меси е дел од групата играчи на Барселона кои ќе патуваат во Дортмунд за првиот натпревар од Лигата на шампиони.

Капитенот на Барселона денес го одработи вториот целосен тренинг со остатокот од тимот. Меси е надвор од терените повеќе од еден месец и се уште нема одиграно ниту една минута оваа сезона.

Аргентинецот веќе два дена одработува целосни тренинзи со остатокот од тимот, па Валверде одлучи да го повика за утрешниот меч со Борусија Дортмунд.

Меѓутоа, тренерот Валверде пред мечот со Валенсија изјави дека повредата на Меси не била наивна, па нема да брза со неговото враќање на терените, што најверојатно ќе значи дека Аргентинецот ќе биде на клупата за резерви.

Ова се сите фудбалер на кои ќе смета Валерде за утрешниот меч со Борусија Дортмунд.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Роналдо после големиот јубилеј: Не бркам рекорди, тие ме бркаат мене (фото)

Фудбалерите на Португалија синоќа беа поразени во гости против Украина со 2:1, а натпревар…