Дома Фудбал Италија Официјално: Конте нов тренер на Наполи!

Официјално: Конте нов тренер на Наполи!

Како што се најавуваше веќе подолго време, Антонио Конте од денес и официјално е нов тренер на Наполи.

Во минатото Конте работеше во Јувентус и Интер, а сега го презема и Наполи. Актуелната сезона во која Наполи влезе како бранител на Скудетото ја одигра лошо и заврши на десеттата позиција неуспевајќи да избори ниту излез во европските натпреварувања.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Сезоната во Неапол ја започна Руди Гарсија, потоа дојде Мацари, а во текот на пролетта на клупата седеше Франческо Калцоне.

Трофејниот италијански тренер со Наполи потпиша договор на три години. Последниот ангажман Конте го имаше во Тотенхем и од март минатата година беше без клуб. Во кариерата ги водеше уште: Челзи, Сиена, Аталанта, Бари и Арез. Еден период беше и селектор на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата на Баерн по боксерици шеташе на снег (Видео)

Напаѓачот на Баерн Минхен, Николас Џексон, повторно ги насочи светлата на јавноста со еден…