Дома Фудбал Италија Официјално: Андре Силва е нов играч на Милан!

Официјално: Андре Силва е нов играч на Милан!

Откако успешно ги помина лекарските прегледи, попладнево Милан и официјално го промовираше Андре Силва во нов играч на клубот од „Сан Сиро“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Португалскиот репрезентативец пристигнува од Порто за 38 милиони евра и денес потпиша петгодишен договор со „росонерите“.

„Горд сум што ќе го носам овој дрес. Милан е остварување на сонот. Доаѓам во еден од најголемите клубови во светот и ветувам дека ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата“, истакна Силва.

21-годишниот Португалец оваа сезона експлодираше во дресот на Порто и стана трансфер мета на многу европски гиганти бидејќи важи за еден од најталентираните напаѓачи во Европа.

Ова е четвртото засилување за Милан во летниот преоден рок, после Мусакио, Кесие и Рикардо Родригез, но „росонерите“ не планираат да застанат и најавија нови големи засилувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал подготвен да го жртвува капитенот за три силни причини! Дали замената е веќе позната?

Еден од капитените на Реал Мадрид, Федерико Валверде, навистина би можел да биде „жртвуван…