
Македонската фудбалска репрезентација вечерва го игра натпреварот против Украина во рамките од третото коло во квалификациите за Европското првенство.
Како што е познато поради повреда Бојан Миовски не беше во комбинација за овој настап, а во вечерашниот почетен состав на селекторот Благоја Милевски нема поголеми изненадувања. Украина можеби ја има улогата на благ фаворит, но македонските фудбалери сигурно нема да истрчаат со бело знаме.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Ќе потсетиме, Македонија во претходниот циклус одигра натпревар против Малта кој во Скопје го добивме со 2:1, додека во второто коло бевме слободни. За три дена очекува нов дуел и тоа на гости кај еден од главните фаворити во групата Англија.