Дома Фудбал Италија Откриено: Еве зошто му беше одземена капитенската лента на Икарди!

Откриено: Еве зошто му беше одземена капитенската лента на Икарди!

Веста дека Интер му ја одзеде капитенската лента буквално предизвика „земјотрес“ на Апенините, а сега се откриени и детали како дошло да таа одлука.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, се започнало со коментарите на неговата сопруга и менаџер Ванда Нара дека на тимот му требаат засилувања за Икарди да постигнува повеќе голови. Ова не е прв пат таа да коментора во медиумите, па била предупредена од страна на раководството.

Марота во Интер ги донесе правилата кои владеат во Јувентус, во медиумите не смее да се изнесуваат работи кои се случуваат внатре во клубот бидејќи со тоа се создава лоша атмосфера.

Едноставно, со овој потег Интер му стави до знаење на Икарди дека не може да се поставува над клубот и дека мора да ги контролира изјавите на неговиот агент.

Притоа, Аргентинецот одолговлекува со потпишувањето на новиот договор, па се поголеми се шансите тој на крајот на сезоната да го напушти клубот.

Во меѓувреме некои од соиграчите добро ја примија веста за одземањето на капитенската лента на Икарди и назначувањето на Хандановиќ за нов капитен.

Имено, Марсело Брозовиќ стави „лајк“ на објавата на „Скај“, што покажува дека Аргентинецот како капитен не бил многу омилен во соблекувалната. Во јануарскиот преоден рок неколку фудбалери на Интер побараа трансфер од раководството, а се претпоставува дека и Перишиќ не е во добри односи со Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Меси ги посочи главните конкуренти за Аргентина на Светското првенство

Лионел Меси ги брои деновите до почетокот на новото Светско првенство, каде што со репрезе…