Дома Фудбал Англија Откако сите го преселија во Ливерпул, Аморим за првпат се огласи

Откако сите го преселија во Ливерпул, Аморим за првпат се огласи

Пред неколку дена бројни светски медиуми ја објавија како „завршена работа“ веста дека Ливерпул си најде нов менаџер и дека Јирген Клоп од лето ќе го наследи Рубен Аморим.

Португалецот е навистина кандидат број еден и се чини дека целата работа е блиску до успешен епилог и за Ливерпул и за Аморим, но актуелниот тренер на Спортинг демантираше дека постигнал некаков договор да дојде на „Енфилд“ во јуни.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не се сретнав со никого од Ливерпул, ниту пак суум имал разговор. Тоа не е точно“, изјави Аморим и додаде:

„Јас сум тренер на Спортинг и посветен сум на работата во мојот тим. Престанете со ваквите информации, ова е последен пат кога зборувам за мојата иднина“, изјави Аморим.

Најавите се дека Спортинг ќе добие оштета од 10 милиони евра за тој да седне на клупата на „црвените“. Спортинг е блиску до освојување на титулата шампион на Португалија. На шест кола до крајот е прв на табелата со четири бода повеќе од Бенфика, а има и натпревар помалку. Аморим го одведе својот тим и до финалето на Купот на Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави потврди: Неговата иднина во Барселона е неизвесна!

Сезоната заврши за Барселона, но изгледа дека турбуленциите се уште не поминале. Сеуште не…