Дома Останати Кошарка НБА „Ол-Стар“ за паметење: Тимот на Леброн со пресврт до победа, Ленард МВП! (ФОТО+ВИДЕО)

„Ол-Стар“ за паметење: Тимот на Леброн со пресврт до победа, Ленард МВП! (ФОТО+ВИДЕО)

Ол-Стар натпреварот во Чикаго беше од егзибициски карактер се до последната четвртина кога беше видена борба како во официјален натпревар. На крајот победи тимот на Леброн со резултат 157:155.

Екипата која ја состави Јанис изгледаше подобро во првите три четвртина меѓутоа поради новиот формат во чест на Коби одлучувачката четвртина беше спектауларна.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Првите три започнуваа со резултат 0:0 и изгледаше дека тимот на Јанис ќе триумфира бидејќи во еден момент имаа и +17 (106:89), а во последната четвртина влегоа со предност од девет поени. Резултатот беше 133:124 и според новиот формат на поените на тимот на Јанис се додадоа 24 и за некој да победи во натпреварот потребно беше да се стигне до 157 поени.

epa08223293 Team LeBron center Anthony Davis (R) shoots a game winning free throw during the NBA All Star game between Team Lebron and Team Giannis at the United Center in Chicago, Illinois, USA, 16 February 2020. Team LeBron won the All Star Game. EPA/NUCCIO DINUZZO SHUTTERSTOCK OUT

Во последната четвртина видовме голема борба и тимот на Леброн успеа да направи пресврт и да слави со 157:155.

За МВП на натпреварот беше избран Каваи Ленард кој натпреварот го заврши со 30 поени. Одличниот кошаркар влезе во историјата како првиот кој ја добил наградата „Коби Брајант“.

Антетокумпо беше најефикасен во својот тим со 30 поени. Лука Дончиќ натпреварот го заврши со осум поени, додека Јокиќ запиша пет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Шок за Мората: Поради необичен проблем може да ја заврши кариерата?!

Фудбалерот на Атлетико Мадрид и шпански напаѓач, Алваро Мората веќе неколку дена не тренир…