Изминатата ноќ во Индианаполис беше одржан НБА Ол-стар натпреварот повторно по стариот систем, а на крајот победи Истокот со 211:186.
Ова е првпат на еден Ол-стар натпревар да се пробие границата од 200 поени. Освен тоа во овој натпревар видовме и уште неколку куриозитети. Играчите на двете екипи шутираа вкупно 158 тројки и за 48 минути се направија само 48 лични грешки.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најдобар стрелец беше Карл Ентони Тунс со 50 поени за 27 минути, меѓутоа беше во редовите на поразената екипа, па не го освои МВП признанието. Халибартон го заврши мечот со 32 поени, Џејлен Браун со 36.
Признанието МВП или „Коби Брајант“ заврши во рацете на Демијан Лилард кој средбата ја заврши со 39 поени, додавајќи 11 тројки од 23 обиди, имаше и шест асистенции и три скока.