Дома Трансфер зона Обамејанг со новата фризура најави дека останува во Арсенал ?

Обамејанг со новата фризура најави дека останува во Арсенал ?

Пјер Емерик Обамејанг како што стојат работите се очекува да го продолжи договорот со Арсенал.

Габонецот со Арсенал има договор до крајот на наредната сезона и во претходните месеци многу се шпекулираше дека ќе замиен. Но изгледа дека клубот успеа да го убеди да остане.

Англиските медиуми во претходните денови објавија дека продолжувањето на договорот на Обамејанг е завршена работа, сега тој со објава на Инстаграм можеби го потврди тоа.

Обамејанг на Инстаграм објави дека ја офарбал косата во боите на „топџиите“ и многумина веруваат дека на тој начин на сите им ставил до знаење дека останува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

И Милан му дал „корпа“ на Роналдо

Кристијано Роналдо ова лето се поврзуваше со голем број клубови, но на крајот остана во Ма…