Дома Фудбал Англија Нов шок за Сити: Може да им биде одземена титулата од 2014 година!?

Нов шок за Сити: Може да им биде одземена титулата од 2014 година!?

Манчестер Сити неодамна доби двегодишна суспензија во Лигата на шампиони од страна на УЕФА, но во посебна истрага на Премиер лигата, можно е да ја загуби шампионската титула од 2014 година, која ќе заврши кај Ливерпул, тврдат медиумите на Островот.

Освен од УЕФА, можна казна најавија и првите луѓе на фудбалската федерација на Англија (ФА), затоа што со кршење на правилата на УЕФА се кршат и правилата на домашната Федерација. Како една од можностите за казна се наведува одземање на бодови на Сити и тоа во перидот за кој се сомничи дека клубот го прекршил правилото.

Периодот на истрага е од 2012 до 2016 година, период во кој УЕФА  тврди дека клубот ги „лажирал“ податоците за парите добиени од спонзорите. Не е јасно дали ова ќе влијае на титулата од 2012 година, но секако може да влијае на таа во 2014 година.

Ако се случи на Сити да им бидат одземени бодови, тогаш Ливерпул може да стане административен шампион, затоа што на крајот беше втор со само два бода помалку од „граѓаните“. Сити заврши со 86 бодови, а Ливерпул имаше 84.

Таа 2014 година беше одбележана со лизгањето на Џерард на мечот против Челзи, што на крајот ги чинеше „црвените“ губење на титулата.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавир…