Дома Трансфер зона Ништо од Рома: Маријано Диаз го напушта Реал, но останува во Ла Лига

Ништо од Рома: Маријано Диаз го напушта Реал, но останува во Ла Лига

Маријано Диаз ова лето се очекува сигурно да го напушти Реал Мадрид.

Диаз се врати во редовите на „кралевите“ минатото лето, но не ги исполни очекувањата. Овој напаѓач не се наигра минатата сезона и јасно е дека за него во Реал нема место.

Дека Реал повеќе не смета на него покажува тоа што му го одземаа бројот седум кој сега го носи Еден Азар. Иако се поврзуваше со заминување во Рома, како што стојат работите Диаз ќе остане во Шпанија.

„Марка“ пренесува дека голем интерес за Диаз покажал Реал Бетис кој сака во наредните денови се да се заврши. Бетис е заинтересиран да го доведе Диаз на позајмица и наредното лето да го откупи неговиот договор.

Управата на Бетис го контактираше Флорентино Перез и се очекува да испратат официјална понуда. Во Реал веројатно ќе го пуштат Диаз затоа што сакаат што побрзо да се ослободат од него.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Продолжува сагата со Ибрахимовиќ: Нов клуб сега е фаворит!

Продолжува сагата со Златан Ибрахимовиќ… Прво е јави Болоња сметајќи на пријателство…