Дома Фудбал Од Реал грмат на судиите: Дали ВАР ги оштети?

Од Реал грмат на судиите: Дали ВАР ги оштети?

Фудбалерите на Реал вчера ремизираа во натпреварот против Џирона одигрувајќи 1:1 на домашен терен.

Винисиус им донесе предност во 70. минута, а потоа во 80. минута беше досуден пенал за гостите, кој и по гледањето на видео снимките остана спорен. Кристијан Стуани беше највисок во скокот, ја удри топката со глава и таа го погоди Асенсио во пределот на раката.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Судијата Лопез не реагираше, а ВАР собата пресуди дека се работи за пенал. Стуани беше прецизен, и однесе голем бод на Џиронаја врати Барселона на минус од Реал во шампионската тpка.

По мечот, Марко Асенсио се огласи преку својот Твитер профил, каде го изрази своето незадоволство.

„Дефиницијата за она што не е играње со рака, како што ни беше објаснето на почетокот на сезоната. Неверојатно е ова што се случи денеска“, напиша Асенсио.

И Карло Анчелоти му даде поддршка на фудбалерот и ги критикуваше судиите.

„Не сакам да зборувам за судии, но денеска ќе зборувам. Тоа не е пенал, бидејќи тој не ја удира топката со рака.

Го прашав Асенсио за тоа, а тој рече дека не ја удрил топката со раката, туку со градите. Левата рака беше во посебна положба, но заедно со телото, не го правеше неговото тело поголемо.

Разбирам дека имало сомнеж дека ја удрил топката со рака, но тоа едноставно не се случи. Судиите денес измислија пенал“, истакна тренерот на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…