Шпанскиот шампион Реал Мадрид почна да се подготвува за реконструкција на екипата, па во јуни сака да ангажира неколку фудбалери, а едно од нив може да пристигне од Премиерлигата.
Англиските медиуми пишуваат дека фудбалерот ан Брајтон, Мојсе Каисидо е главна желба на претседателот Флорентино Перез, кој нема да штеди пари за трансфер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Каисидо пристигна во Брајтон во јануари 2022 година од Белгија за 4,5 милиони евра, а неговата цена набрзо скокна до 38 милиони евра.
„Дејли Мејл“ пишува дека „кралевите“ се подготвени да платат 85 милиони евра за Каисидо, кој треба да биде „мозок“ на екипата и може да игра на повеќе позиции.
Реал Мадрид, сепак, ќе има конкуренција затоа што интерес за Каисидо покажаа и Челси и Манчестер сити.