Често пати животниот пат на фудбалерите може да донесе многу промени, а таков сега е случајот со Анхелињо. Овој дефанзивец ќе настапи за четврти клуб во последните 12 месеци.
Шпанецот не успеа да се избори за место во Лајпциг иако помина две одлични сезони во германскиот бундеслигаш. Минатата сезона ја помина во Хофенхајм на позајмица, додека во тековната првиот дел играше за Галатасарај.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кариерата ја започна во Манчестер Сити каде што имаше две етапи во клубот, меѓутоа по низа позајмици Пеп Гвардиола одлучи дека не е доволно добар за „граѓните“. Кога ќе се погледне колку клуба промени, прогнозата на Пеп веројатно е и точна.
Сега сепак Анхелињо ќе добие уште една шанса на високо ниво. Левиот бек денеска го комплетира трансферот во Рома. Во Рим тој пристигнува како позајмен фудбалер, а Рома ќе има право на откуп за пет милиони евра.
🚨🚨🚨
— laroma24.it (@LAROMA24) January 29, 2024
🤩 #Angeliño è atterrato a Fiumicino 🛬
🚅 Il terzino sinistro spagnolo arriva dal #Lipsia in prestito con diritto di riscatto 👊🏻
🆕 Benvenuto a Roma! 💛❤️#ASRoma #CalciomercatoRoma pic.twitter.com/g5WdVuOIab