Дома Фудбал Останато Нејмар ги мина Меси и Роналдо со новиот договор

Нејмар ги мина Меси и Роналдо со новиот договор

Бразилската суперѕвезда на Пари Сент Жермен, Нејмар веќе е фудбалер со најскап спонзорски договор.

Нејмар потпиша договор со „Пума“ според кој ќе добива 25 милиони евра годишно, а тоа е најскапиот спонзорски договор во фудбалскиот свет.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Претходно Бразилецот имаше договор со „Најк“ за двојно пониска сума, околу 12 милиони евра годишно, а истиот беше потпишан во 2005 година.

Со новиот договор Нејмар ги мина Меси и Кристиано Роналдо. Аргентинецот годишно добива 20 милиони евра од „Адидас“, додека договорот на Кристиано со „Најк“ е во вредност од 162 милиони, но за десет години.

Нејмар синоќа на мечот со Манчестер Јунајтед носеше копачки од новиот спонзор и го промовираше новиот модел „Пума Кинг Платинум“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Арсенал го победи Атлетико, ПСЖ го порази Леверкузен

Арсенал постигна импресивен успех со 4:0 против Атлетико Мадрид во натпревар од третото ко…