Дома Фудбал Останато Неочекуван шок на „Маракана“: Си замина Станковиќ!

Неочекуван шок на „Маракана“: Си замина Станковиќ!

Само три дена после елиминацијата во плеј-офот за Лигата на шампионите, тренерот на црвено-белите Дејан Станковиќ си поднесе оставка.


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Одлуката на Станковиќ за заминување е изненадувачка и нечекувано. Црвена Звезда европскиот пат го продолжи во групната фаза од Лигата на Европа и е голем фаворит во домашното првенство.

Треба да се потсети дека српските клубови поради добрите изданија во Европа од наредната сезона ќе имаа директно место во групната фаза од ЛШ.

„Ц. Звезда е моја голема љубов, неописива емоција, а сега после третиот обид да ја внесам во ЛШ се чувствувам празно, зашто на најголемата љубов не успеав да и го дадам тоа што најмногу го сакав. Не можам повеќе, дадов сѐ од себе, а сега треба некој друг да се обиде.

Мене овие три години ми беа најубави, нешто дополнително ме изгради, ме направи подобар и поквалитетен. Благодарност на фудбалерите, управата, на навивачите, кои се најзаслужни за тоа“, објави Станковиќ.

На кормилото на Звезда Станковиќ застана во 2019 година како наследник на Владан Милојевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Последна шанса за Меси и Левандовски

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Денес на програм…